Владата ќе инвестира преку 500 милиони евра во енергетиката

Bez autora
May 30 2010

Во поглед на енергетиката, Владата има планирано неколку проекти со што ќе бидат инвестирани преку 500 милиони евра од Владата и плус средства од концесионерите. Она што сега следува е фокусирање на проектот „Бошков Мост“, додека проектот Чебрен и Галиште се проекти кој што добиваат полека своја завршница и ние се надеваме дека ќе завршат со успех. Само Чебрен и Галиште е проект кој ќе чинат меѓу 600 - 700 милиони евра и кој што во моментот се градат ќе влијаат на БДП од околу 2 отсто, а ќе се градат околу седум години. Следен проект како што рече Груевски кој што директно Владата ќе го инвестира со подршка на ЕБРМ и Европската инвестициона банка е проектот „Бошков Мост“ кој што ќе чини 80 милиони евра и ќе биде значаен капацитет во енергетскиот систем на Македонија. Во план е исто така изградбата на Луково но и тука сме во преговори со Светската банка за подршка на овој проект. Тоа е на самата граница на Косово. Друг проект е истражувањето во Мариово за отворање на нов рудник во иднина.

Владата ќе инвестира преку 500 милиони евра во енергетикатаВо поглед на енергетиката, Владата има планирано неколку проекти со што ќе бидат инвестирани преку 500 милиони евра од Владата и плус средства од концесионерите, рече премиерот Никола Груевски.

„Она што сега следува е фокусирање на проектот „Бошков Мост“, додека проектот Чебрен и Галиште се проекти кој што добиваат полека своја завршница и ние се надеваме дека ќе завршат со успех. Само Чебрен и Галиште е проект кој ќе чинат меѓу 600 - 700 милиони евра и кој што во моментот се градат ќе влијаат на БДП од околу 2 отсто, а ќе се градат околу седум години“ рече Груевски.

Следен проект како што рече Груевски кој што директно Владата ќе го инвестира со подршка на ЕБРМ и Европската инвестициона банка е проектот „Бошков Мост“ кој што ќе чини 80 милиони евра и ќе биде значаен капацитет во енергетскиот систем на Македонија.

„Во план е исто така изградбата на Луково но и тука сме во преговори со Светската банка за подршка на овој проект. Тоа е на самата граница на Косово. Друг проект е истражувањето во Мариово за отворање на нов рудник во иднина“ рече Груевски.

Груевски додаде дека досегашните податоци укажуваат дека количината на руда веројатно ќе биде доволна за отворање рудник што неколку години ќе биде експлоатиран и ќе го продолжи векот на македонските енергетски капацитети, односно ќе овозможи изградба на нова термоцентрала од 300 мега вати, нагласи премиерот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik